Вести Свет Топ вести

Русија ги повика бранителите на Мариупол да се предадат

Животите на украинските војници во Мариупол ќе бидат поштедени доколку денеска го положат оружјето и се предадат, им понуди денеска Москва на бранителите на опсадениот град на брегот на Азовското море. Според Генерал Мајорот Игор Конашенков, портпаролот на руското Министерство за одбрана, изминативе денови од Мариупол се предале 1.464 украински војници. Конашенков тврди дека бројот на бранители на Мариупол е сведен на околу 2.500 војници, и сите тие се кријат во тунелите под челичарницата Азовстал. Но, обвини дека повеќето припадници на батаљонот Азов, чие седиште е токму во Мариупол, ги убиваат украинските војници кои се обидуваат да се предадат.

Националистичкиот режим во Киев, според пресретнатите радио пораки, забрани преговори за предавање, наредувајќи им на нацистите од Азов на лице место да го застрелат секој припадник на украинската армија и странските платеници што сака да го положи оружјето, обвини Конашенков.

Во Мариупол има и 400 странски платеници, државјани на повеќе европски држави и Канада, а пресретнатите радио пораки откриваат дека комуникацијата помеѓу бранителите на градот се одвива на шест различни јазици, тврди Конашенков.

Сепаратистичките воени единици, кои ја предводат битката за Мариупол, ја имаат контролата речиси врз целиот град, освен челичарницата Азовстал, од каде што Украинците продолжуваат да пружаат отпор. Украинскиот претседател ситуацијата во градот ја оцени како нехумана, и побара од западните земји повеќе оружје и авиони, за да може украинската армија да ја крене опсадата и да ги ослободи бранителите на Мариупол.

Ситуациајта во Мариупол останува максимално критична. Едноставно нехумана. Тоа го направи Руската федерација, намерно го направи и намерно продолжува да уништува градови. Намерно се обидува да ги уништи сите кои што се во Мариупол, обвини Зеленски.

Мариупол е веќе шест недели под опсада а руската артилерија го сведе градот на рушевини. Од речиси половина милион жители, во градот останаа околу стотина илјади, криејќи се во скривници и визби, а се стравува дека цената за одбраната на градот со живот ја платиле илјадници цивили.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

ДЗС: Спречено ширење на пожарот во светиниколско Делисинци, селото спасено

Дејан Дејан

Гори кај касарната во Ѓорче Петров, запалени куќи во Орман и во Волково – до 18 часот се евидентирани 25 пожари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе