Вести Свет Топ вести

Русија тврди дека погодила фабрика за оклопни возила во Киев

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили „со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух“ уништиле фабрика за оклопни возила во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Николаев.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека Русите со ракетни напади и артилерија нападнале 811 украински воени цели.

Претходно градоначалникот на Киев Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад.

Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи.

Уште еднаш апелирам до сите: Ве молам да не ги игнорирате сирените за воздушна опасност. А оние жители на Киев кои досега заминаа и сакаат да се вратат во главниот град, ве замолувам да се воздржите од тоа и да останете на побезбедни места, нагласи Кличко.

Дарњицкиј се наоѓа во југоисточниот дел на главниот град на Украина, на левиот брег на реката Дњепар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови шест земји на списокот на Трамп за повисоки царини

Дејан Дејан

(Видео) Скопје во огнен обрач, ветрот со „разбуди“ пожарот во Чучер Сандево и ја отсече Македонија од северната граница

Дејан Дејан

Грција испрати два канадера и копнени сили за гаснење на пожарот кај Дојран

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе