Руската армија иако се повлече од Киев продолжи со бомбардирање на украинската престолнина. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во текот на ноќта била уништена воена фабрика во украинскиот главен град.
Со високо прецизно оружје со голем дострел на воздушното воздухопловство уништени беа производствени капацитети на фабрика за тенкови во Киев и фабрика за поправка на воена опрема во Миколаив. Во текот на ноќта во високопрецизно оружје на военото воздухопловство уништени беа уште 16 објекти на непријателот, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана Игор Конашенков.
Украинските власти тврдат дека иако успеале да ја поразат руската армија и да ја натераат да се повлече од украинската престолнина, сепак опасноста од нов обид за преземање на Киев од страна на Русија останува реална.
Но ние сме добро подготвени уште од првите денови на војната, претварајќи го Киев во тврдина која е способна да одолее на сите напади, како што покажавме во борбите изминатиов месец во, и околу Киев, порача пратеникот во украинскиот парламент Свјатослав Јураш.
Синоќа Москва формално ги предупреди западните земји дека ќе се соочат со непредвидливи последици доколку продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје. Денеска Русија им забрани влез во земјата на 13 британски политичари членови на владата, меѓу кои премиерот Борис Џонсон, министрите за одбрана и надворешни работи Бен Волас и Лиз Трас, и поранешната премиерка Тереза Меј. Причината за санкциите, според руското министерство за надворешни работи е поради тоа што британските лидери намерно ја влошуваат ситуацијата околу Украина полнејќи го режимот во Киев со оружје и координирајќи слични активности во име на НАТО.
Игор Трајков