Трговците и маркетите да ја контролираат продажбата на мало препорача министерството за економија синоќа, а размислува и да донесе забрана ако граѓаните ја злоупотребуваат продажбата за да набават залихи кои понатака можат и да ги препродаваат.
Рафтовите се празни, зејтин нема. И кога ќе стаса го снемува за миг. Трговците одбвиваат да го продаваат без заработка откако владата им ја забрани за овој основен прехранбен продукт, граѓаните револтирани, но и загрижени заради високата цена.
Но, каде е сончогледовото масло и дали се чува во магацините за продажба кога ќе падне забраната за маржата на терен е надлежниот пазарен инспекторат.
Производителите ги пополнија магацините, се увезува суровина, а на есен и сончоглед.
Побарувачката и потрошувачката за еден месец се зголем идвојно.
Владата се откажа од данокот на додадена вредност, а постојат сомневања дека во неколку региони маслото од рафтовите завршува во соседните земји.
Реагираше и опозицијата на известувањата на министерството но и најаваите дека ќе се ограничува купувањето за граѓаните.
Власта со хаотични и неодговорни изјави е причината поради која граѓаните стравуваат, на крајот пораката на владата е има масло, ама немојте да го купувате, се вели во реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ.
Проекцитте се дека прозиводителите располагаат со над 500 илајди литри залихи добиени од суровина, но не и од домашно производство, бидејќи на македонските ниво не се сади доволно сончоглед, а суровите се набавуваат од соседните Србија и Бугарија.
Павле Беловски