Истакнатиот противкандидат на Путин Владимир Кара-Мурза е осуден на 15 дена затвор поради наводно непочитување на полициските наредби.
Неговиот адвокат Вадим Прохоров објави полициски извештај за апсењето на неговиот клиент, во кој се наведува дека тој „се однесувал чудно и дал отпор при апсењето“.
Поранешениот соработник на убиениот опозициски лидер Борис Немцов, 40-годишниот Кара-Мурза е гласен критичар на војната и ко-основач на група која повикува руските политички и воени лидери да бидат прогласени за воени злосторници.
Тврди дека властите двапати го труеле и тоа во 2015 и 2017 година.