Се укинува задолжителното поседување сертификат за влез во земјата на граница. Во ресторани, кафани, барови останува мерката за поседување сертификат за вакцина/прележаност, заради тоа што постепено ќе се укинуваат мерките и не е добро наеднаш да се укине се.
Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките, вели д-р. Мехмедовиќ.
Нема ниту еден пациент приклучен на респираторна машина, според последните информации од инфективните одделенија во земјата.
Состојбата со вакцинација во државата останува незадоволителна, не една туку повеќе кампањи се потребни за да мрдне процентот нагоре.