Вести Свет

Кадиров: Во Мариупол се предадоа над 1.000 украински војници

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека повеќе од 1.000 украински маринци се предале во опколениот пристанишен град Мариупол и ги повика преостанатите сили заробени во челичарницата „Азовстал“ да го сторат истото, пренесоа британските медиуми.

Украинските власти засега немаат коментар за изјавата на Кадиров на каналот Телеграм.

Генералштабот на Украинската војска, во својот утрински извештај, соопшти дека руските сили продолжуваат со нападите врз „Азовстал“ и пристаништето.

Руската телевизија прикажа слики од, како што наведе, маринци кои вчера се предаваа во фабриката за железо и челик „Илич“ во Мариупол, од кои многумина се повредени, додаваат британските медиуми.

Меѓутоа не е јасно за која фабрика мислеше Кадиров, за „Азовстал“ или за „Илич“, кога кажа за 1.000 предадени украински маринци.

Во „Азовстал“ во моментов има околу 200 повредени на кои не може да им биде укажана медицинска помош, кажа Кадиров во  објавата на Телеграм. „За нив и за сите останати би било подобро да се прекине овој бесмислен отпор и да си одат дома кај своите семејства.

Кадиров, инаку силен поддржувач на рускиот лидер Владимир Путин, во Украина распореди неколку илјади негови борци за да ги зајакне руските напори за „демилитаризација“ и „денацификација“ на земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе