Вести Свет

Бајден објасни зошто првпат го обвини Путин дека извршил геноцид во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за прв пат изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил „геноцид“ во Украина, додавајќи дека конечната одлука ќе ја донесат адвокатите на меѓународно ниво.

Бајден го употреби терминот „геноцид“ во говорот во фабрика за етанол во државата Ајова, а подоцна се задржа на тие квалификации додека се подготвуваше да се качи во авионот.

„Да, го нареков геноцид затоа што станува се појасно и појасно дека Путин се обидува да ја избрише идејата дека воопшто е можно да се биде Украинец. Има се повеќе и повеќе докази. Но, ние ќе ги оставиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали ќе го квалификуваат тоа начин или не, тој го прави тоа“, им рече Бајден на новинарите.

Претходно американскиот претседател масакрот во украинскиот град Буча го нарече „воено злосторство“.

Во Ајова, Бајден коментираше за зголемувањето на цените на горивото и зголемувањето на инфлацијата, која е на највисоко ниво во САД во последните четири децении. Тој рече дека високата инфлација во неговата земја е предизвикана од војната што Русија ја води против Украина и посочи дека американскиот Конгрес работи на нејзино намалување.

Тој исто така рече дека САД ќе продаваат по еден милион барели нафта дневно од стратешките резерви за да ги намалат цените на горивата ширум светот, а слични чекори преземаат и други земји.

„Вашиот семеен буџет, способноста да се наполни резервоар за автомобил не треба да зависи од тоа дали еден диктатор од другата страна на светот ќе објави војна и ќе изврши геноцид“, рече Бајден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе