Вести Свет

Британската министерка за надворешни работи: Итно ги проверуваме информациите за хемискиот напад

Обединетото Кралство се обидува да ги потврди наводите дека руските сили користеле хемиско оружје во Украина во нападот на стратешкиот пристанишен град Мариупол, кој е под опсада повеќе од еден месец, соопшти британското Министерство за надворешни работи во понеделникот вечерта.

„Информациите велат дека руските сили можеби користеле хемиски агенси во нападот врз жителите на Мариупол. Работиме итно со нашите партнери за да ја потврдиме оваа информација“, напиша на Твитер министерката за надворешни работи Лиз Трус.

„Тоа би било брутална ескалација на конфликтот и ќе го повикаме Путин на одговорност.
Секоја употреба на овој вид оружје „би претставува брутална ескалација во конфликтот и ќе го повикаме Путин на одговорност“, додаде таа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во понеделникот дека Русија може да употреби хемиско оружје во Украина и го повика Западот да воведе силни санкции за Москва да не се осмели ниту да зборува за употреба на такво оружје.

Во текот на денот во понеделникот беа објавени непроверени извештаи кои сугерираат дека Русија користела хемиско оружје во Мариупол, пристаниште на југот на земјата.

Украинската парламентарка Ивана Климпуш изјави дека Русија користела „непозната супстанца“ во Мариупол, каде што некои луѓе страдаат од респираторни проблеми.

„Веројатно хемиско оружје“, напиша таа на Твитер.

АФП нагласува дека не може самостојно да ги потврди овие наводи.

Помошникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андрјушенко во своите извештаи преку Телеграм напиша дека хемиските напади не се потврдени и дека очекува подоцна да може да објави детали и објаснувања.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби рече дека САД се запознаени со извештаите.

„Во моментов не можеме ништо да потврдиме, но ќе продолжиме повнимателно да ја следиме ситуацијата“, рече тој.

„Овие извештаи, доколку се вистинити, се длабоко вознемирувачки и укажуваат на стравувањата што ги изразивме за можноста Русија да користи воени средства“, рече тој.

Русија негираше дека извршила воени злосторства од почетокот на нејзината офанзива против Украина на 24 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе