Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја предупредува својата нација дека следната недела ќе биде клучна, како што беше и досега.
„Русија уште повеќе ќе се плаши. Страв од пораз и вистина“
Зборувајќи во своето ноќно обраќање, Зеленски рече: „Следната недела нема да биде помалку важна од претходната. Ќе биде подеднакво напната и уште поодговорна. Русија ќе се плаши уште повеќе. Страв од пораз. Страв дека вистината ќе мора да биде признаена“.
Тој додаде:
„Руските трупи ќе започнат уште поголеми операции на истокот од нашата земја. Тие можат да користат уште повеќе проектили против нас, уште повеќе воздушни бомби, но ние се подготвуваме за нивните акции. Ќе одговориме. Ќе бидеме уште поактивни во снабдувањето со оружје и информирање на луѓето“.