Најголемиот товарен авион во светот, украинскиот Антонов-225, беше уништен со гранатирање на руските сили во напад на аеродромот Антонов лоциран во Хостомел во близина на Киев. Авионот бил уништен веднаш на почетокот на рускиот напад. Хостомел беше една од првите руски цели.
Хостомел и аеродромот беа ослободени минатата недела. Украинските власти објавија снимка од урнатините.
„Сонот на Украина ќе се издигне како феникс од пепелта и засекогаш ќе биде светилник на слободата и херојството“, напиша украинското Министерство за одбрана објавувајќи видео од уништениот Антонов-225.
Like a Phoenix the Ukrainian Dream will rise up from ashes again and will forever be a beacon of freedom and heroism.#An225Mriya#StandWithUkraine pic.twitter.com/ervwQ1YK4e
— Defence of Ukraine (@DefenceU) April 5, 2022