Во Буча се пронајдени нови тела на улиците, шест од нив биле запалени, а повеќе биле пронајдено во и околу домовите. Ова е последната страотна слика од областа Буча, во близина на главниот украински град Киев. Се уште не е јасно под какви околности се убиени луѓето.
А се уште тешките борби се водат во пристанишниот град Мариупол каде не запираат руските воздушни напади.. Според најновите разузнавачки податоци на Министерството за одбрана на Велика Британија хуманитарната ситуација во градот „се влошува“.
„Повеќето од 160.000 жители во градот немаат струја, прекинати се комуникациските врски, нема ни вода ни лекови, а хуманитарниот пристап го оневозможуваат Русите кои најверојатно ќе ги притиснат бранителите да се предадат“, велат од британското министерство за одбрана. Мариупол е опколен од руските сили од почетокот на март.
Украинскиот претседател Зеленски утринава најави дека со Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган се договорил Турција со брод да ги пренесе ранетите и загинатите од Мариупол.