Ракомет Спорт

Еурофарм Пелистер се прости од Европа: Нексе славеше и во Битола

Еурофарм Пелистер со двоен пораз во осминафиналето се прости од Европската лига на ЕХФ. По оние 29-16 во Нашице, битолчани денеска и на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ загубија со 21-22. Хрватскиот тим со гранитна одбрана и расположен голман заслужено оди во четвртфиналето.

Битолчани добро тргнаа во натпреварот и имаа постојано водство, а најмногу со 7-3. Хрватите првото полувреме го завршија со серија од 1-4 за да го преземат водството, но на паузата резултатот беше 11-11.

Нашиот тим очајно го почна второто полувреме и речиси седум минути не можеше да постигне гол па Нексе се одлепи на +3. Оваа разлика гостите ја одржуваа речиси до крајот, кога Пелистер притисна силно, но иако дојде до 20-20 не можеше барем со победа да се прости од Европската лига. Нексе заслужено по втор пат го победи македонскиот вицепрвак овој пат со 21-22.

Стипе Мандалиниќ со шест голови и Реинер Табоада со пет беа најефикасни во нашиот тим, додека голманот Мартон Секељ имаше осум интервенции. Кај Нексе, Марин Јелиниќ постигна пет голови, додека голманот Михаило Радовановиќ забележа 13 одбрани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе