Вести Свет Топ вести

Пријави за купување гласови и „бугарски воз“ на изборите во Србија

Наблудувачка мисија „Црта“ јавува за бројни неправилности на изборите во Србија, каде се гласа на претседателските, парламентарните и локалните избори за град Белград.

„„Црта“ поднесе уште две пријави во полиција и тие се однесуваат на купување на гласови. Значи вкупно „Црта“ во текот на денешниот ден поднесе седум пријави и сите на директен или на индиректен начин се однесуваат на купување на гласови или на т.н. феномен „бугарски воз“. Она што го забележуваме е значаен раст на неправилности, поединечни неправилности, спорадични неправилности на дури 12% од избирачките места ширум Србија. Денеска во попладневнитѕе часови ви соопштивме дека во Белград на избирачките места на кои се забележани поединечни проблеми изнесува 5%, сега тој провент на избирачки места порасна на 10%“, соопшти Раша Недељков, наблудувачка мисија „Црта“.

Републичката изборна комисија на Србија соопшти дека до 18 часот на изборите од запишаните 6.502.307 гласачи излезноста е 50,82 отсто, а ЦЕСИД соопшти дека на претседателските, парламентарните и локалните избори за град Белград до 17 часот гласале 45,1 отсто од запишаните избирачи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе