Во 19 часот официјално заврши гласањето за парламентарните избори во Унгарија.
Во Будимпешта се гласаше во 3.154 избирачки места и 23 области.
Резултатите од изборите ќе бидат објавени кога ќе се пребројат гласовите во сите изборни единици.
Според резултатите од постизборната анкета спроведена од агенцијата Медијан, унгарската владејачка коалиција на партиите Фидес и Христијанско-демократската народна партија се победници на парламентарните избори со 121 место во 199-членото собрание.
„Според анкетата, Фидес освои 49 отсто од гласовите, додека опозициската коалиција „Обединети за Унгарија“ доби поддршка од 41 отсто од гласачите“, соопштуваат од агенцијата Медијан.
Одѕивот беше 67,8 отсто половина час пред затворањето, бројка многу блиска до таа од 2018 година.