Вести Свет

Во близина на Киев убиен украинскиот фоторепортер Максим Левин

Украинскиот фоторепортер Максим Левин, за кого немаше информации три недели, е пронајден мртов по повлекувањето на руските војници од областа кај Киев, соопшти денеска украинското претседателство. Левин работел за голем број големи западни вести, вклучувајќи ги Ројтерс и Би-Би-Си.

Се наведува дека, според прелиминарните податоци, телото на Левин, кој известувал за борбите на руските и украинските сили во таа област, било пронајдено со две прострелни рани во областа Вишгород, северно од Киев, пренесува Си-Ен-Ен.

Левин работел повеќе од 10 години во редакцијата на украинскиот портал LB.ua, а соработувал и со Ројтерс, Би-Би-Си, Асошиетед прес, објавено е на LB.ua.

Се наведува дека неговото тело по претресот го пронашла полицијата во близина на едно село во областа Киев.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хеликоптер на МВР интервенира кај Блаце, пожарот сè уште активен – сообраќајот се одвива отежнато

Дејан Дејан

Бројот на жртви во поплавите во Тексас се искачи на 59 – стотици спасувачи трагаат по исчезнати

Дејан Дејан

Пожар кон граничниот премин Блаце, се шири кон шума

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе