Вести Свет

Русија: Нема да бараме од ЕУ да ги укине санкциите, но ќе одговориме на нив

Николај Кобринец, шеф на Одделот за европска соработка во руското Министерство за надворешни работи, во интервју за руската новинска агенција РИА изјави дека земјата ќе одговори на санкциите на Европската унија.

Тој додаде дека Русија се надева дека блокот разбира дека „конфронтацијата со Москва не е во нејзин интерес“.

Тој рече и дека Русија нема да бара од Европската унија укинување на санкциите, наведувајќи дека нема потреба од тоа бидејќи Кремљ е добро подготвен за ситуацијата.

„Европската унија не е центар на вселената“, рече Кобринец.

Заедно со САД и Велика Британија, ЕУ е клучен западен сојузник кој ја поддржува Украина во борбата против Русија.

Досега воведе неколку мерки против Русија, вклучително и забрана за трансакции на ЕУ и земјите-членки со руската централна банка, санкции на 877 физички лица и 26 субјекти и забрана за летови на руски авиони што се однесува на целиот воздушен простор и аеродроми на ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе