Вести Свет

Шефицата на Европскиот парламент денеска оди во Киев

Роберта Мецола, претседателка на Европскиот парламент, на Твитер објави дека е „на пат за Киев“.

„На пат сум за Киев“, напиша таа на англиски и украински, со украинското знаме и порака за поддршка на земјата. Таа додаде и фотографија пред автомобилот. Мецола, кој беше избрана за претседателка на парламентот на 18 јануари, дополнително не додаде никакви детали.

Кога ќе пристигне на својата дестинација, таа ќе биде првиот службеник на европска институција што ќе пристигне во главниот град на Украина од почетокот на руската инвазија.

Пред тоа, премиерите на Полска, Чешка и Словенија го посетија Киев на 15 март за да покажат солидарност со Украина. Русија во четвртокот им забрани на европските претставници и на повеќето европратеници да влезат на нејзина територија како одговор на санкциите воведени кон Москва.

Руската дипломатија не објави список на лица опфатени со мерката, но рече дека ја информирала европската мисија во Москва.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе