Вести Свет

Украинската армија објави какви се плановите на Русија

Руската војска сака да го задржи своето присуство во источна и јужна Украина, соопшти во текот на ноќта украинскиот Генералштаб.

Генералите зборуваа за обидите на Русија да воспостави моќ во окупираните региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Во тие области се очекуваше да продолжат борбите, јавува ДПА.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе предупреди дека Русија планира псевдореферендум во јужниот украински регион Керсон за формирање на „народна република“ како оние што се прогласени во источните украински сепаратистички области.

Но, генералите исто така рекоа дека руските единици не успеале никаде да окупираат нова територија. Источноукраинскиот град Харков сè уште беше гранатиран, но обидот да се пробие во близина на градот Изум не успеа.

Напредувањето на Русија во јужниот украински регион Миколаев исто така беше неуспешно. На север, некои руски единици се повлекоа. Москва соопшти дека руските сили ќе ги намалат нападите врз Киев и ќе се концентрираат на офанзивата во Донбас.

Зеленски беше внимателен оптимист.

„Сигурен сум дека е многу пријатно за секој од вас да ги прочита вестите и да види како нашите украински градови постепено се ослободуваат од окупаторските сили“, рече тој во видео пораката. Но, тој предупреди дека не е време за опуштање.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Ирак: Осум турски војници починаа од труење со метан гас

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе