Вести Свет

Руската армија запленила 14 тони хуманитарна помош за мариупол, обвинува Киев

Украинската влада обвини дека руските сили блокирале 45 автобуси кои биле испратени да евакуираат цивили од Мариупол, како и дека конфискувале 14 тони хуманитарна помош во храна и лекови за опсадениот град, иако претходно му дале гаранции на Црвениот крст дека хуманитарната помош ќе биде пропуштена во Мариупол.

„За жал, хуманитарната помош беше заробена од окупаторите. Тоа се 14 тони храна и лекови. Ова е цената на договорите, ова е цената на гарнациите дадени на Меѓународниот комитет на Црвениот крст, дека хуманитарните коридори ќе бидат гарантирани и ќе функционираат. Преговараме за враќање на автобусите, за да можат жителите на Мариупол утре да заминат за Запорожје.“ – изјави Ирина Верешчук – Заменик премиер на Украина.

За време на преговорите во Истанбул на почетокот на неделата, Русија соопшти дека значително ќе ги намали воените операции во насока на Киев и Чернихив, како знак за добра вољја и поттик на мировните преговори. Но, многумина во Украина се сомневаат во нивните искрени намери.

„Никој не верува. Ние нема да се предадеме поради руски ветувања. Многу случаи во оваа војна како и други претходни војни го докажуваат тоа. Подготвени сме за секое сценарио бидејќи знаеме дека не се бориме против цивилизирана армија.“- рече Валериј Ембаков, Бригаден Генерал на Украинската армија.

Но воените аналитичари во руското повлекување од Киев, и претходните движења на руските дивизии, препознаваат концентрирање на руската армија за голема офанзива на Донбас. Тоа го потврдуваат и информациите на украинската армија.

„Во Донбас, во Мариупол и во насока на Харков, руските сили концентрираат ресурси за силни напади.Ќе ги браниме и ќе направиме се што можеме за да ги запреме окупаторите и да ја ослободиме нашата територија од нивните злобни и бесчуствителни злосторства.“ – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Од денеска стапува на сила декретот на рускиот претседател Владимир Путин, според кој сите западни земји кои купуваат руски гас ќе мораат да плаќаат во рубљи. Одлуката на Путин е со цел да се заобиколат санкциите од западните земји и да се ограничи можноста за замрзнување на средствата кои Русија ги добива од продажбата на енергенси. Во исто време, денеска во Њу Делхи пристигна и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, во обид да се зголеми рускиот извоз на нафта во земјата, преку нов систем за плаќање кој не ги прекршува меѓународните санкции. Индија е голем трговски партнер на Русија, и една од ретките држави кои не ја осудија инвазијата на Украина.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе