Вицепремиерката на српската Влада и министерка за рударство и енергетика, проф. Д-р Зорана Михајловиќ истакна дека во рудникот „Соко“ сите работници се задушиле со метан.
Михајловиќ истакна дека на телата на работниците немало траги од експлозија.
Во рудникот „Соко“ утринава се случи голема трагедија во која загинаа 8 рудари. Како што изјави и директорот на рудниците Алексинац, Немања Дениќ, сите настрадале од последици од задушување со метан, а не од експлозијата, како што првично беше објавено.