Вести Најважни Свет

Русија во целост погрешно ја процени ситуацијата во Украина, тврди шефот на британското разузнавање

Русија во целост погрешно ја процени ситуацијата во Украина, изјави шефот на британската разузнавачка агенција. Џереми Флеминг вели дека сега советниците на претседателот Путин се плашат да му ја кажат вистината за ситуацијата на теренот. На иста линија се проценките и на Белата куќа од каде соопштуваат дека имаат разузнавачки информации за тензиите меѓу рускиот претседател и неговото воено раководство. Британскиот разузнавач број еден вели дека Путина се обидува да го  спроведе свој план, но не успева, а планот Б е варварство кон цивилите и градовите.

-Видовме руски војници, без оружје и морал, како одбиваат да извршуваат наредби, ја саботираат сопствената опрема, па дури и случајно соборуваат сопствен авион. И иако веруваме дека советниците на Путин се плашат да му ја кажат вистината, она што се случува и обемот на овие погрешни проценки мора да бидат кристално јасни за режимот, изјави Џереми Флеминг, шеф на британската разузнавачка агенција.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина се подготвува за нова руска офанзива. Руските трупи се се побројни и подготвени за напади врз источниот регион Донбас.

Се проценува дека 200-300 цивили биле убиени во украинскиот град Ирпин во близина на Киев, пред градот да биде вратен од руските сили оваа недела. Според градоначалник Маркушин во Ирпин загинале 50 украински војници, а некои тела сè уште се заробени под урнатините.

По добиената порака од Меѓународниот црвен крст дека Русија е  подготвена да го отвори пристапот за хуманитарен конвој до градот Мариупол, 45 автобуси тргнаа во нов обид да ги извлечат цивилите и да достават хуманитарна помош. Додека руските сили се се поблиску до центарот на градот.

-Испративме 45 автобуси на рутата до Мариупол. Сега 28 автобуси треба да добијат дозвола за да поминат низ руските контролни пунктови во Васиљевка. Исто така, 17 автобуси веќе тргнаа од Запорожје. Ќе направиме се за автобусите да влезат во Мариупол денес и да ги евакуираме луѓето кои не успеале да стигнат до напуштете го местото до сега, рече Ирина Верешчук, вицепремиер на Украина.

Четири милиони луѓе досега ја напуштиле Украина од почетокот на војната, одредена доза на оптимизам по мировните преговори со Русија во Истанбул. Украина предложи план за неутралност и е подготвена да се откаже од влез во НАТО. Но, советникот на Зеленски, Михајло Подољак, рече дека секоја одлука ќе оди на референдум.

Билјана Ставрова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе