Вести Свет

Историски закон донесен во САД. Го носи името на убиеното црно момче

Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот го потпиша првиот федерален закон кој го третира линчот како злосторство од омраза, а се однесува на историскиот проблем со расистичките убиства во Соединетите држави.

Законот е именуван по Емет Тил, 14-годишно црно момче, брутално убиено во 1955 година во Мисисипи.

Законот дозволува гонење на линч опишан како заговор за извршување на злосторство од омраза што резултира со смрт или сериозна повреда.

Смртта на Тил и одлуката на белата порота да ослободи двајца белци кои подоцна го признаа убиството го привлекоа вниманието на нацијата кон злосторствата и насилството со кои се соочуваат црнците во Америка и предизвика бес кај застапниците за човекови права.

Со потпишувањето на законот, претседателот се осврна на незавршената работа и ужасот на американската историја, рече потпретседателката Камала Харис.

Харис, првиот потпретседател на црната и азиската раса, го усвои законот кога беше сенатор од Калифорнија.

„Линчот не е минато. Расните злосторства сè уште се случуваат во нашата нација. И затоа мора да имаме храброст да ги наречеме со нивните вистински имиња и да ги изведеме сторителите пред лицето на правдата“, додаде таа.

Во август 2021 година, ФБИ објави податоци кои покажуваат дека злосторствата од омраза во САД достигнале највисоко ниво во последните десет години во претходната година, најмногу поради нападите врз црнците и Азијците.

Бајден, кому афроамериканските гласачи му помогнаа да стане претседател, рече дека законот не се однесува само на минатото.

„Тоа се однесува и на сегашноста и на иднината. Расната омраза не е стар проблем. Тоа е постојан проблем“, рече Бајден.

Законот помина едногласно во Сенатот и во Претставничкиот дом со 422 гласа „за“ и три „против“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата прогласи кризна состојба поради пожарите

Дејан Дејан

ЕУ е за проширувањето, но и недостига временска рамка – кога

Дејан Дејан

(Фотогалерија) Силно невреме: Се урна кран во Белград

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе