Германскиот производител на чоколади Ритер Спорт ќе го продолжи својот бизнис во Русија, објави вчера новинската агенција ДПА, повикувајќи се на портпарол на компанијата.
„Ритер Спорт ќе продолжи да испорачува чоколадо во Русија. Прекинот на испораките би довел до драматично намалување на производството и сериозно ќе влијае на компанијата“, додаде портпаролот.
На почетокот на март, Ритер Спорт одлучи да престане да инвестира на рускиот пазар и да престане да рекламира таму.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.