Обилни дождови паднаа на источниот брег на Австралија и поплавија патишта и мостови. Десетици илјади луѓе ги напуштија своите домови по втор пат во последните неколку недели. Неколку градови на северот на државата Нов Јужен Велс, кои се опоравуваат од историските поплави пред еден месец, во текот на ноќта беа погодени од силен циклон.
Во некои делови од регионот за само шест часа наврна дожд како за цел месец. Второ лето по ред, на источниот брег на Австралија доминира системот Ла Нина, кој се карактеризира со зголемени врнежи. Во Сиднеј овој месец веќе наврнале 537 мм дожд на метар квадратен, што е историска количина за март.
this is byron bay, australia east coast, now💔 pic.twitter.com/OEQRES14MK
— 🦋 (@niehauscsm) March 29, 2022
Метеоролозите за денеска најавуваат локално обилни врнежи од дожд. Кевин Кочиола, фармер во близина на градот Лизмор, рече дека никогаш во животот не видел такви поплави со разлика од само три недели.
„Се надевам дека нема да биде како пред неколку недели, но само Господ знае“, рече тој.