Вести Свет

Петмина загинати во напад во предградие на Тел Авив

Пет луѓе се убиени во предградијата на Тел Авив во Израел, јавува Би-Би-Си, додавајќи дека ова е трет смртоносен напад од ваков вид за една недела.

Последниот напад се случи во Бнеи Брак, една од најнаселените ултраортодоксни еврејски области во земјата.

Напаѓачот бил убиен од полицијата, изјави болничар од местото на настанот.

Израелските безбедносни сили беа во состојба на готовност по нападите минатиот вторник и недела во кои загинаа шест лица.

Очевидци велат дека виделе маж како возејќи автомобил и одеднаш отвориле оган врз минувачите.

На снимката од местото на настанот се гледа како напаѓачот во темна облека го зема автоматското оружје и пука низ совозачкиот прозорец.

Едно лице е пронајдено мртво во возилото, а друго во околните улици, објави „Џерусалим пост“.

Израелскиот премиер Нафтали Бенет одржа итен безбедносен состанок, а неговиот кабинет за безбедност ќе се состане подоцна во текот на денот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе