Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров утринава пристигна во Кина во својата прва посета откако Москва ја започна инвазијата на Украина минатиот месец.
Руското Министерство за надворешни работи потврди дека Лавров слетал во источниот град Хуангшан, објавувајќи фотографии од делегатите како излегуваат од авионот и биле пречекани од кинески здравствени службеници во заштитни одела.
Лавров ќе присуствува на серија состаноци организирани од Кина, на кои ќе се разговара за начините за помош на Авганистан. Се очекува да присуствуваат и дипломати од САД и од соседен Авганистан.
🇷🇺🇨🇳 Russian Foreign Minister Sergey #Lavrov arrives in Tunxi, China.#RussiaChina pic.twitter.com/KxhnAWAf4y
— MFA Russia 🇷🇺 (@mfa_russia) March 30, 2022