Вести Свет

Експлозија во воен камп во Русија

Синоќа се слушнале неколку експлозии во село во близина на рускиот град Белгород на границата со Украина. Експлозиите се случиле во привремен руски воен камп, а нивната причина се уште е нејасна.

Локалните руски медиуми ја пренесуваат изјавата на гувернерот на Белгородската област, Вјачеслав Гладков. Тој вели дека експлозии се слушнале во Белгород и во регионот на Белгород. Инцидентот се случил во селото Красни Октјабр.

 

Според локалните власти, во селото нема жртви, нема повредени или материјална штета. Тој не зборуваше за причините за експлозијата. Гладков вети дека ќе ги објави подоцна.

Руските медиуми пренесуваат и изјави на очевидци дека на местото пристигнале противпожарни возила.

Руската агенција ТАСС наведува дека според првите податоци причина за експлозијата била ракета која најверојатно била истрелана од украинска страна. ТАСС пишува и дека во експлозијата се повредени четири лица.

Руската државна новинска агенција РИА Новости јавува дека причина за експлозијата во рускиот воен камп е човечки фактор.

Локалните медиуми пишуваат дека причината се уште не е позната, а руската служба за итни случаи врши увид во областа. Нема официјални информации, а руската влада се уште не објавила за експлозијата.

Експлозијата се случила во близина на селото Красни Октјабр, на 30 километри од границата со Украина. Селото се наоѓа во близина на Белгород, град со нешто повеќе од 400.000 жители, кој е оддалечен околу 80 километри од Харков.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе