Вести Најважни Свет

(ВИДЕО) Зеленски: Украинците не се наивен народ, веруваме во резултати не во зборови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека е скептичен во врска со ветувањето на Русија за намалување на воените активности во близина на Киев и Чернихив.

„Се разбира, гледаме ризици. Се разбира, не гледаме основа да веруваме во зборовите на претставник на држава која продолжува да се бори за наше уништување. Украинците не се наивни луѓе. Украинците веќе научија во текот на 34-те дена од инвазијата и во текот на изминатите осум години од војната во Донбас дека може да се верува само на конкретни резултати“, рече Зеленски.

Украинскиот лидер ги повика Украинците да останат внимателни и покрај тоа што изјави дека сигналите од мировните преговори со Русија работеле позитивно.

„Ситуацијата не стана полесна. Размерите на предизвикот не се намалија. Руската армија сè уште има значителен потенцијал да го продолжи нападот врз нашата земја. Тие сè уште имаат многу опрема и доволно луѓе да испратат во војна“, додаде тој.

Зеленски рече дека Украина нема да ги намали своите одбранбени напори:

„Непријателот се уште е на наша територија. Гранатирањето на нашите градови продолжува. Мариупол е блокиран. Ракетните и воздушните напади не престануваат. Ова е реалноста. Ова се фактите. Да, сигналите што ги слушаме од преговарачката платформа може да се наречат позитивни. Но, тие сигнали не ја замолчуваат експлозијата на руските гранати“, истакна Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Пожарникарите наишле на запалени палети и мирис на бензин – Ангелов за пожарот во Чучер Сандево

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе