Вести Свет

Бајден и Зеленски разговарале за дополнителна помош за Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден за новите санкции против Русија.

Само што го завршив получасовниот разговор со претседателот на САД. Заеднички ја проценивме ситуацијата на бојното поле и на преговарачка маса. Разговаравме за нов пакет санкции и заострување на постоечките казнени мерки, напиша Зеленски на Твитер.

Тој додаде дека разговарале и за поддршка во одбраната на Украина, како и за макрофинансиска и хуманитарна помош.

Известувајќи за разговорот, Белата куќа соопшти дека притоа станало збор за дополнителна помош на украинската војска.

Лидерите разговараа за продолжување на напорите на САД со сојузниците и партнерите да идентификуваат дополнителни капацитети за да и помогнат на украинската војска да ја одбрани својата земја, се вели во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе