Вооружените сили на Украина предупредија дека постои опасност муницијата да експлодира во нуклеарната централа во Чернобил, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.
Нуклеарната централа Чернобил, која беше сцена на најтешката нуклеарна несреќа во историјата во 1986 година, беше заземена од руските сили минатиот месец.
Русија по освојувањето на нуклеарната централа изјави дека „зрачењето е во нормални нивоа“ и тврди дека освојувањето на нуклеарната централа „спречило можни нуклеарни провокации од страна на украинските националисти“.
Украина бара „итна демилитаризација на Чернобил“
Верешчук рече и дека Украина за време на вчерашните преговори побарала од Русија да дозволи формирање на 97 хуманитарни коридори за евакуација на цивилите од најтешко погодените градови и села.
„Бараме Советот за безбедност на ОН да преземе итни мерки за демилитаризација на исклучената зона на Чернобил и да започне специјална мисија на ОН за елиминирање на ризикот од повторување на нуклеарната катастрофа“, додаде Верешчук.