Вести Свет

Американец и Русин на иста вселенска мисија

И покрај заладените односи меѓу САД и Русија поради војната во Украина, американскиот астронаут и двајца руски космонаути денеска заедно со руската капсула Сојуз учествуваат во акцијата на Меѓународната вселенска станица. Во неа ќе бидат сместени Марк Ванде Хеи од НАСА и космонаутите Антон Шкаплеров и Пјотр Дубров.

Во 6:45 требаше да ја напуштат Меѓународната вселенска станица, а речиси пет часа подоцна со падобран да слетаат во централен Казахстан. Поточно, зоната за слетување се наоѓа на околу 400 километри североисточно од рускиот космодром Бајконур во Казахстан.

 

Генералниот директор на руската вселенска агенција Дмитриј Рогозин, еден ден откако Русија ја нападна Украина, ги обвини САД дека се обидуваат да ја уништат соработката на Меѓународната вселенска станица. Но, НАСА продолжи да работи со сите меѓународни партнери, вклучително и Русија, без оглед на војната.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе