Вести Свет Топ вести

Ердоган повика на прекин на огнот на почетокот на преговорите Украина-Русија во Истанбул

Мировните преговори меѓу Украина и Русија започнаа денеска во палатата  Долмабахче, на европскиот брег на Истанбул, каде е сместена и канцеларијата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.

Делегациите на двете земји се сместени на долга маса едни наспроти други и во наредните два дена ќе се обидат да постигнат напредок кон мирот, иако очекувањата не се големи.

Пред да почнат разговорите, двете делегации ги поздрави шефот на турската држава, кој им посака успех во работата, подвлекувајќи дека прекинот на огнот и стопирањето на трагедијата е во интерес на двете страни и целиот свет.

Воспоставувањето на прекин на огнот и мирот што е можно поскоро ќе биде во сечија корист. Мислиме дека влегуваме во период кога треба да се остварат конкретни резултати од преговорите. Земајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓаме, како членови на делегациите вие имате историска одговорност. Целиот свет очекува добри вести кои ќе дојдат од вас. Вие ги поставувате темелите за мирот со помош на своите лидери. Ние сме подготвени да дадеме придонес со кој ќе ви ја олесниме работата, РЕЧЕ ЕРДОГАН.

Ердоган ја изрази својата длабока тага дека воените судири влегле веќе во 5-тата недела, оценувајќи дека турското пријателство со двете земји, ја принудило неговата земја да се обиде да помогне. Турција иако е членка на НАТО и натаму одржува силни врски со Русија и одби да им се приклучи на санкциите на Западот против официјална Москва, што веројатно и овозможи да има посредничка улога.

Пред почетокот на разговорите во Истанбул, шефот на Украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, ги советуваше членовите на својата делегација кои ќе учествуваат на преговорите со Руската федерација, „да не јадат или пијат било што и да избегнуваат да допрат нешто.“ Предупредувањето на Кулеба следува откако се појавија шпекулации дека рускиот милијардер Роман Абрамович и двајца украински преговарачи кои претходно овој месец учествуваа на преговорите во Белорусија, покажале симптоми на труење.

Сепак, американските разузнавачи изразија сомневање дека станува збор за труење и дека симптомите на овие луѓе биле заради еколошки фактори а не обид за убиство.

Преговорите во Истанбул ги следи и Абрамович, кој очигледно е во добра здравствена состојба.

Дека тој изразил подготвеност да и помогне на Украина, потврди и претседателот на оваа држава, Володимир Зеленски.

Имаше сигнали од него (Абрамович) и некои други бизнисмени: „да помогнемем, да направиме нешто“. Некои од нив изразија спремност да помогнат во обновата на Украина по војната. Подготвени сме да дадеме пари, подготвени да го релоцираме бизнисот во Украина. Сега живееме во Англија или Швајцарија, би сакале тоа да го направиме. Дали е возможно да не бидеме на листата на санкции? Ги примивме сите овие сигнали. Почнавме да ги добиваме откако нашите внатрешни санкции стапија на сила а не западните санкции, ВЕЛИ ЗЕЛЕНСКИ.

Но, кои се позициите на двете страни пред денешните разговори? Според „Фајненшл Тајмс“, Русија се откажала од своето навистина апсурдно барање за „денацификација“ на Украина и подготвена е да и дозволи на оваа земја да стане членка на Европската Унија, под услов да се откаже од членството во Северно-атлантската алијанса.

Официјален Киев веќе повеќе пати изрази подготвеност за прифаќање на неутралниот статус, но не и да води разговори за трговија со луѓе, територија или суверенитет, што води неизвесност за статусот на Донбас и Крим, кој веќе 8 години е дел од руската федерација по анексијата во 2014-тата година.

 

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Од личност до маска-за новата нормалност“: Промоција на книга од Влатко Деловски и настап на „Второ колено“ во ИЛИ-ИЛИ

Дејан Дејан

(видео) ЦУК: Гори близу скопско Визбегово, чадот го обвива центарот на Скопје

Дејан Дејан

Полските борбени авиони во готовност поради руски напад врз Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе