Вести Свет Топ вести

Не стивнуваат реакциите по изјавата на Бајден дека Путин треба да си замине од власт, Макрон бара да не се користи таква реторика

Не стивнуваат реакциите по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден кој го нарече рускиот претседател Путин „касап“ а потоа и дека „не може да остане на власт“. Во најголем дел американските политичари сметаат дека изјавите на Бајден се нормална човечка реакција, откако тој го минал денот во Варшава гледајќи и слушајќи ги трагедиите на Украинците кои ги напуштија уништените домови. Сепак сите стојат зад еден став – дека САД немаат политика на промена на режимот во Русија. нешто што претходно го кажа и државниот секретар Блинкен.

Но, францускиот претседател Макрон сепак се огради од овие изјави на Бајден. Смета дека во овие моменти не треба да се додава масло во огнот, а со секојдневните навреди само ќе се придонесе за ескалација на војната.

Мислам дека треба да бидеме конкретни и пред се, да направиме се за ситуацијата да не излезе од контрола. Не би ги користел тие термини, бидејќи продолжувам да зборувам со претседателот Путин, бидејќи – што сакаме да правиме колективно? Сакаме да ја запреме војната што Русија ја започна во Украина, без водење војна и без ескалација. Тоа е нашата цел веќе еден месец и затоа го направивме изборот, пред се, да не интервенираме воено во овој конфликт и ова е многу важно, бидејќи моја должност како француски претседател е да ги заштитам Французите од војна на наша територија, изјави макрон.

 

Но, ваквите лични изјави од Бајден стануваат се почести, а навредите кон Путин како касап, убиец диктатор, силеџија се на дневно ниво, сметаат воените аналитичари. Додаваат дека кај Путин, нема да помине ниту оправдувањето од Белата куќа, а се повеќе му се потврдува во она што верувал со години. Предлагаат главните соработници на претседателот да контактираат со нивните колеги во Русија и да им дадат до знаење дека Америка е подготвена да преговара со оваа руска влада.

Руските бомби и денеска не престанаа. Интензивно се води битката во Доњецк, каде руската војска се обидува да ги опколи украинските сили кои се борат во овие сепаратистички региони во источна Украина. Властите во Луганск најавија дека ќе организираат референдум за припојување кон Русија, на што официјален Киев одговори дека референдумот нема да има правна основа, и ќе се соочат со посилен меѓународен одговор. Украинските разузнавачи соопштија дека Путин има намера да ја подели Украина на два дела, со московски контролиран регион.

Експлозии одеканаа во Лвив. Стратешки важниот град Миколаив е речиси под нивна контрола, додека Мариупол е уништен и целосно раселен. Франција, понуди да се организира меѓународна мисија за евакуација на луѓето, бара да се му се помогне на овој град, во споротивно ќе следи колективна вина.

Мариупол е под воена опсада во која Русија веќе еден месец влегува. Можеби не се размислуваше за воена опсада. Но, денес ние сме во воена опсада, а Мариупол е највпечатлив пример за тоа. А тоа е ужасна војна каде  цивилното население се масакрира и уништува, порача ЖАН ИВ ЛЕ ДРИАН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ НА ФРАНЦИЈА

Путин не го остварува она што го замислисл, вели шефот на француската дипломатија, затоа мора да се продолжат преговорите за прекин на огнот. А тие продолжуваат од 28 до 30 март, но овој пат во Турција каде преговарачките тимови ќе се сретнат повторно.

Иако со последни сили, украинската војска полека ги вратила опколените села околу Харков, но и Киев, јавуваат странските медиуми. Во престолнината денеска се отворија кафулињата во градот. Многумина дојдоа на топло бесплатно кафе, и навидум животот се враќа во нормала. А и учениците почнуваат со онлајн настава. Животот мора да го продолжиме под воени услови, им порача на Киевчани градоначалникот Кличко.

Алиса Шутиноска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Остра реакција на Мицкоски за извештајот во Европскиот парламент

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Нов пожар во близина на Скопје, гори кај Смилковци- очевидец пријавил на полиција дека видел како е подметнат

Дејан Дејан

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе