Вести Најважни Свет

Русија цела ноќ ја гранатираше Доњецката област, Украина најави силна контра-офанзива

Руските сили цела ноќ ја гранатираа контактната линија во Доњецката област, јавува украинската страна, и додаваат дека во ова тешко гранатирање Русите користат фосфорни бомби во индустриското место Авдивка. Материјалната штета е сериозна, а се собираат информации и за евентуални жртви.  Во регионот Житомир уништено е украинско воено складиште, јави руското министерство за одбрана, како и за другите освоени цели.

Војниците на руските вооружени сили се борат за заземање на Новомихајловка и Новобахмутовка, нанесувајќи штета на непријателските упоришта и резерви. Во текот на 25 март, крстосувачки ракети со прецизно наведување од море уништија складиште со муниција и оружје во близина на Великие Коровници, регионот Житомир. Исто така, крстосувачка ракета Оникс со прецизно наведување уништи база за гориво во областа Миколаев, од која со гориво се снабдуваа украинските вооружени сили во јужниот дел на Украина, изјави ИГОР КОНАШЕНКОВ, ПОРТПАРОЛ НА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

Украинската војска најави жестока контраофанзива за да ги врати дел од окупираните градови, Харков, а улични битки се водат во центарот на уништениот Мариупол. Тука и натаму се заглавени околу сто илјади жители. Ако успеат да се извлечат на безбедно, можат да се евакуираат со приватни автомобили. Украинската војска се уште силно ја држи одбраната на Киев. Полицискиот час беше продолжен до понеделник, но потоа градоначалникот Кличко го повлече и им порача на граѓаните дека утре преку ден ќе можат слободно да се движат. Оваа одлука доаѓа откако е претседателот Зеленски кажа дека украинските војници и нанеле моќни удари на Русија. Тој повторно повика разговорите за прекин на огнот да продолжат. Во најновото видео обраќање на Форумот во Доха, ги предупреди исламските држави дека ако не реагираат наскоро ќе се сооочат со недостиг на храна, затоа што житото што го извезуваше Украина најмногу беше за овие земји.

 Руските трупи минираат полиња во Украина, креваат во воздух земјоделски машини, ги уништуваат резервите на гориво потребни за сеидба. Ги блокираа нашите пристаништа. Зошто го прават ова? Нашата држава ќе има доволно храна. Но, недостатокот на извоз од Украина ќе погоди многу нации во исламскиот свет, Латинска Америка и другите делови на светот, порача Зеленски. 

Како тече војната и влегува во вториот месец, руските функционери почнуваат и јавно да ги искажуваат негодувањата. Пратеничка од регионот Воронеж објави снимка од состанок на советот на кој се расправа за случувањата во Украина, а ги нарече воени злосторства.

Јас сум против одлуките кои ги презема претседателот на Руската Федерација, против акциите кои се случуваат денеска на територија на суверена Украина. Мислам дека сето ова што се случува е воено злосторство, изјави НИНА БАЛЈАЕВА, ЗАМЕНИК ПРАТЕНИК ВО СОВЕТОТ НА ВОРОНЕЖ

За денеска се најавени десет зелени коридори. Оние кои успеваат да ги избегнат гранатирањата со трчање треба да стигнат до автобусите за евакуација. Утринава во не толку безбедното Запорожје пристигнаа првите автобуси од Мелитопол и Мариупол. Тука се пречекани од волонтерите кои ќе помогнат да се префрлат во внатрешниот дел на земјата. Бегството од унштениот град Мариупол, луѓето го споредија со дишење на чист воздух, а најголем е стравот за децата.

Мојата баба има 91 година. Сега повторно го преживува она што го искусила за време на Втората Светска Војна. многу е страшно. Не се плашам за себе. Се плаѓам за децата, за нив дека го гледаат сето ова. Се плашам нешто да не им се случи. Се надевам дека ова ќе заврши брзо и се ќе изгледа како страшен сон. Само сон, вели НАДЕЖДА ЕКИМОВА, ЕВАКУИРАНА ОД МАРИУПОЛ

 Алиса Шутиноска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе