Вести Свет

Курти: Нелегални структури на Србија на Косово се обидуваат да организираат избори на 3 април

Премиерот на Косово Аљбин Курти во писмо до шефот на канцеларијата на Европската Унија на Косово Томаш Сунјог оцени дека е жално што додека Косово работи со ЕУ и земјите на Квинтата на наоѓање прифатливо решение „меѓу двете влади“ за организирање на српските избори на Косово, нелегални структури на Србија се обидуваат да организираат избори на Косово како неговата влада да не постои.

Во писмото Курти оценува дека Белград во своето барање не ја ни спомнува владата на Косово, туку ја нарекува „релевантниот орган на власта на Косово“.

Според него „нелегалните структури на Србија на Косово тоа го прават со средства и поддршка на Белград“.

„Веројатно поради тоа се обидуваат изборите да се „одржат“, наместо да се бара нивно одржување, земајќи ја здраво за готово надлежноста на Белград да одлучува за територијата на Косово“, се вели меѓу другото во писмото на косовскиот премиер.

Курти истакна дека Белград во своето барање го користи терминот „гласачи со право на глас“ наместо „гласачи во странство“.

Истакна дека е „важно овој напор на Србија да не го легитимираат ни властите на ЕУ ни ОБСЕ“.

Курти наведе и дека „Белград во многу аспекти се покажува како деструктивен“, за што како пример го наведе „неспроведувањето на некои договори, како и одбивањето на Србија да ѝ воведе санкции на Русија“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Брутална ликвидација во Киев, на социјалните мрежи се споделува видео од убиството на Иван Воронич, клучниот човек на Зеленски

Дејан Дејан

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски брод, Дојран, Крива Палнка и Чашка

Дејан Дејан

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе