Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Започна караванот за антиковид-вакцинација, во Македонија досега се вакцинирале 869.763 лица

Започна караванот на Министерството за здравство за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга.

Министерството за здравство го организира овој караван со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19. Оние што се вакцинирани во странство, пак, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „МојТермин“.

Покрај карванот за вакцинација, кој ќе биде активен во наредните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава. Министерството за здравство соопшти дека  располагаат со доволно количини вакцини и нагласува дека тие се безбедни и се најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

Според податоците достпани на веб-страницата kovid19vakcinacija.mk досега во земјава се вакцинирани 869.763 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој ќе го наследи Мустафа во Судски?

Дејан Дејан

Полесни услови за полициски директор и началници, повторно се брише полициска станица Бит Пазар- предлог законот стигна во Собрание

Дејан Дејан

Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО – ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе