Комисијата за заразни болести предлага учениците да не носат маски во училиште, а во отворените делови на рестораните и кафулињата веќе да не биде задолжителна потврдата за вакцинација.
Иако ќе бидат без маски во училиште, изолацијата кога има заразен ученик останува иста – дома седат оние кои биле во непосреден контакт со заболениот.
Сепак, на учениците не им е забрането носењето маски во училиштата, доколку сметаат дека треба да ги носат. Олабавувањето на мерките е поради смирената епидемиолошка ситуација со ковид во земјата, вели д-р Злате Мехмедовиќ.