Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра од страна на 42 државни институции и тоа во периодот од март 2020 па до сега.
Најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи на Владата, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.
Дури на 83 % од тендерите имало само по една понуда. Повеќе од 40 % од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.
Трите најскапо платени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Це 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државата видеолотарија, а на трето место е „Хјундаи Сонада“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43 илјади евра.
Меѓу марките возила, се чини дека и натаму омилена марка на функционерите е „Шкода“ која со 60 возила води на листата, како и претходните години. Долгогодишното второ место на „Фолксваген“ му го презема „Фиат“ од кој се набавени 25 возила, а на трето место со 13 возила сега е „Ситроен“..