Филмови

РАСПОЛОЖЕНИ ЗА ЉУБОВ (недела, 13 март 2022 – 19.50)

Дејствието на филмот се одвива во Хонконг во 1962 година. Госпоѓата Чен, која работи како секретарка во една фирма (ја игра Ченг) и новинарот Чоу (го игра Лунг) се соседи. Нивните брачни другари често се отсутни така што Чен и Чоу живеат осамено. Еднаш, тие се запознаваат при што заклучуваат дека нивните брачни партнери се љубовници. Така, тие почнуваат да се прашуваат како се случило тоа при што нивните односи стануваат сè поблиски. Иако нивната врска е платонска, соседите почнуваат да ѝ забележуваат на Чен за честите средби со Чоу. Поради тоа, тој изнајмува хотелска соба и нивните средби продолжуваат да се одвиваат таму. Чен му помага на Чоу во пишувањето на текстови. Чоу мора да се пресели на ново работно место во Сингапур и ја кани Чен да му се придружи. Тој ја чека пред хотелот, но таа задоцнува и така тој заминува самиот. Сепак, една година подоцна, Чен го посетува во неговиот стан во Сингапур, но не му се јавува. Три години подоцна, Чен се враќа во станот во кој живеела. И Чоу, исто така, го посетува својот поранешен стан и се распрашува за Чен, но не знае дека таа живее во соседниот стан. Филмот завршува со сцената во која Чоу оди во Кампучија, каде својата тајна ја шепнува во дупка на ѕидот од еден храм и потоа ја запечатува.
Филмот освоил две награди на Канскиот филмски фестивал, една Европска филмска награда, а вкупно освоил 45 награди.
Режија: Кар-вај Вонг, кој е и автор на сценариото.
Главните улоги во филмот ги играат: Тони Ли и Меги Чунг.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ТЕМНА БАЈКА – понеделник, 12 мај 2025 – 00:40

Дејан Дејан

ПАПИЛОН (1973) – недела, 11 мај 2025 – 22:15

Дејан Дејан

ПЕКОЛ НА ХОРИЗОНТОТ – недела, 11 мај 2025- 00:05

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе