Македонија

Општините со ултиматум до Владата – бараат државна помош, без да кажат од што ќе се откажат среде криза

Општините контра Владата. Даваат рок од седум дена за заеднички да се бара решение на проблемите наталожени во општата криза.

Огромниот пораст на цените на енергенсите и нагло зголемените долгови на сите општини придонеле ЗЕЛС едногласно да побара државна помош.

Ја обвинија Владата дека ги игнорира нивните барања и предлози за справување со проблемите како неможноста за исплаќање на сметките за струја.

Во соопштението на веб-страницата на ЗЕЛС не е наведено што се подготвени и општините да направат за да си помогнат самите на себеси, туку е наведено само тоа што го очекуваат од Владата.

„Членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС посочија дека доколку во овој рок Владата не се произнесе, ќе се смета дека нема интерес за заедничко разрешување на предизвикот. Непочитувањето на локалната власт што во изминатите два месеца го покажа Владата, игнорирајќи ги барањата и предлозите упатени од ЗЕЛС за разрешувањето на предизвиците од енергетската криза, не може и не смее да се толерира и понатаму“ велат од ЗЕЛС.

Од Владата сè уште не одговараат на прашањата на Телма, дали воопшто се разгледуваат барањата на ЗЕЛС и каков им е ставот по тоа прашање.

Во една прилика кон средината на минатиот месец, премиерот Ковачевски до ЗЕЛС порача дека влијание во кризата на единиците на локалната самоуправа имаат и дел од новите градоначалници со своите нереални и економски невозможни ветувања од предизборието.

Тогаш, премиерот изјави дека општините треба да бидат одговорни во енергетската и економската криза, а не само да бараат помош од Владата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Политички актер кои прифатил сервилност во Владата вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Истрагата за директорот на АНБ, Бојан Христовски – пред крај, вели Коцевски кој вчера се „дружеше тет-а-тет“ со првиот човек на националната безбедност  

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе