Вести Економија

ВМРО ДПМНЕ: Мерките на Владата не даваат резултати

„Мерките на Владата, како замрзнување на цените и ограничување на трговските маржи – не дадоа доволно ефект затоа што не нудат целосен одговор на состојбата“, реагира ВМРО ДПМНЕ. „Тоа можеше да се види вчера, кога само по 8 часа од објавувањето на мерките, бензините енормно поскапеа, а тоа е второ драстично поскапување за два дена. Предлогот што ВМРО ДПМНЕ го поднесе пред две недели е едноставен и конкретен. Со него цената на бензинот би се намалила за 13 денари, а на дизелот за 9 ден. Наместо тоа, Владата даде комплицирана мерка…Владата требаше да ги предвиди светските енергетски текови и на време да ја обезбеди државата со енергенси“, изјави Анастасија Илиевска од ВМРО ДПМНЕ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе