Вести Македонија

Касами и Хоџа на чело на БЕСА

Како единствен кандидат, Биљал Касами повторно е избран за претседател на Движењето БЕСА. На вториот конгрес што се одржа во Скопје, воведена е функцијата заменик-претседател. Избран е досегашниот генерален секретар, Арианид Хоџа.

Централниот одбор и другите раководни партиски тела ќе бидат назначени дополнително. Лидерот Касами најави дека БЕСА се враќа на политичката сцена „на голема врата“.

Програмските определби остануваат посветени на проблемите на обичниот граѓанин и на членството во Европската унија.

Како опозициска партија, БЕСА се придружува на барањето предвремени парламентарни избори.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Неселективна правда бараат родителите на починатите деца во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе