Вести Свет

„Раша тудеј“ се гаси во Америка, повеќето се отпуштени

„Раша тудеј“ Америка ќе престане да работи и ќе отпушти поголем дел од своите вработени, се вели во писмото од T&R Productions, продукциската компанија која стои зад руската државна мрежа.

Во писмото до вработените, Миша Солодовников, генерален директор на T&R Productions, рече дека ќе „престане да работи“ на сите свои локации „поради непредвидени настани“.

За жал, претпоставуваме дека ова ќе биде траен прекин на работниот однос“, додаде тој.

Компаниите ја прекинаа соработката

T&R Productions имаше канцеларии во Њујорк, Мајами, Лос Анџелес и Вашингтон. Престанокот на T&R значи и крај на американската филијала на РТ, пишува Си-Ен-Ен.

На почетокот на неделата, давателот на сателитска услуга ДирекТВ, еден од двајцата што емитуваа РТ Америка, ја прекина соработката, што и нанесе голем финансиски удар на мрежата.

Року, кој продава хардвер кој им овозможува на корисниците да следат содржини преку Интернет, исто така рече дека ја исфрлил РТ Америка од својата платформа.

Во последниве денови, „Раша тудеј“, која управува со неколку мрежи ширум светот, значително го намали досегот на емитување бидејќи технолошките компании и телевизиските мрежи ширум светот ги прекинаа врските со неа поради инвазијата на Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје

Дејан Дејан

Илјадници Романци на проевропски протест пред вториот круг од претседателските избори

Дејан Дејан

Бомбашки напад во Судан: Загинаа 14 членови на едно семејство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе