Деветти ден на руската инвазија на Украина.
Во раните утрински часови избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, во близина на градот Енергодар, изјави градоначалникот на тој град. Набрзо се огласи и Дмитро Кулеба, шеф на украинската дипломатија, кој рече дека Русите пукаат во централата од сите страни и ги повика да престанат да пукаат.
Зеленски го коментираше и пожарот во електраната, обвинувајќи ја Русија за нуклеарен тероризам. Борис Џонсон, исто така, побрза да проговори, велејќи дека ќе побара итен состанок на Советот за безбедност на ОН бидејќи „дејствата на Путин директно ја загрозуваат Европа“.
Повеќе од еден милион луѓе ја напуштија Украина од почетокот на руската инвазија минатата недела, изјави вчера Филипо Гранди, шеф на агенцијата за бегалци на Обединетите нации.
Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека Украинците им рекле дека пожарот во електраната во Запорожје „не влијаел на основната опрема“ и дека персоналот на централата ги презема сите мерки за да се ублажи штетата.
#Ukraine tells IAEA that fire at site of #Zaporizhzhia Nuclear Power Plant has not affected “essential” equipment, plant personnel taking mitigatory actions.
— IAEA – International Atomic Energy Agency (@iaeaorg) March 4, 2022