ОН очекуваат руската инвазија на Украина да предизвика егзодус на десет милиони луѓе. Од тој број, околу четири милиони луѓе би можеле да побегнат во соседните држави, но тоа е само проценка, изјави портпаролот на ОН Стефан Дужарик.
Засега не е познато колку луѓе се раселени во Украина и уште колку ќе бидат раселени. Еден милион луѓе ја напуштија Украина во неделата од почетокот на руската инвазија, изјави високиот комесар за бегалци Филипо Гранди. Според официјалните податоци, од еден милион украински бегалци, 575.000 привремено нашле засолниште во Полска.