Вести Свет

Гранатирањето на Киев продолжува, децата се преместени во подрумот на болницата

Како што се засилува рускиот напад врз Киев, некои од најранливите жители на главниот град не можат да си заминат.

За најголемата детска болница во градот, затворањето не е опција, дури и со звуците на тешки борби и гранатирање. Децата кои се премногу болни за да бидат префрлени се преместени во подрум, во случај бомбардирањето повторно да почне. Во подземниот коридор има десетина пациенти кои се на лекување.

Мајката на болно девојче: Овде сум сама, маж ми е дома

Една од пациентите е тримесечната Милена, која има тумор на мозокот. Нејзината мајка Соња изјави за Си-Ен-Ен дека спиела на подот до Милена во последните седум ноќи додека се слушало бомбардирањето.

„Мораме да останеме под земја и не знаеме колку време. Јас сум сама овде во болница, а мојот сопруг е дома со уште едно дете“, рече Соња. Таа рече дека е толку под стрес што не може да дои и дека сега користи формула за да ја нахрани својата ќерка.

Ризикот од инфекција е преголем

Ресурсите се ограничени додека болниците се справуваат со трауматски повреди, па некои родители се вклучија да помогнат во грижата за другите деца во подрумот. Сега се чекаат итни активности. Кога Си-Ен-Ен ја посети болницата, на 11-годишно момче мораше да му се извадат конците, но ризикот од инфекција е преголем.

Без јасен крај на повидок, за многу семејства овде единствената трошка надеж е евакуација. Вчера делегациите на Украина и Русија се сретнаа во Белорусија на уште една рунда разговори, каде се договорија да се обезбедат хуманитарни коридори за цивилите и можен привремен прекин на огнот во областите каде што се врши евакуацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европратениците утре ќе гласаат за извештајот за Македонија

Дејан Дејан

Ангелов: Имаме доброволци, имаме професионалци од ТППЕ, цврсто сум решен да направам и специјалци пожарникари

Дејан Дејан

Ангелов: Зад сите пожари, би рекол, стои човечки фактор, лани имавме неколку пожари од грмотевици и од допир на жици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе