Вести Свет

Русите тврдат: Нуклеарната централа ја запалија Украинците, што е монструозна провокација

Русија ја зазеде нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, но за време на борбите меѓу руските и украинските сили кои траеја во текот на ноќта, административната зграда околу електраната се запали.

Украинските власти за тоа ја обвинија руската армија, велејќи дека ја гранатирале електраната, а украинскиот претседател Зеленски го нарече нуклеарен терор.

Но Русите сега тврдат дека зградата во нуклеарната централа всушност била запалена од Украинци. Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина за пожарот во електраната и го нарече „монструозна провокација“.

Претставници на руското Министерство за одбрана, исто така, изјавија дека фабриката сега е под нивна контрола и работи нормално.

Пожарот во нуклеарната централа е изгаснат околу 5:20 часот по македонско време. Избувна веднаш по полноќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе