Вести Свет

Не е момент за состанок Бајден – Путин

Нема планови во моментот за средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки. Според неа, „сега не е време за тоа“.

– Не планираме нивна средба или телефонски разговор. Претседателот Бајден беше многу јасен за тоа. Но, ние ги имаме  разговори внатрешно и анализираме голем број фактори, изјави Псаки за Си-Ен-Ен.

На прашањето дали ќе би имало околности во кои Бајден би можел да седне на иста маса со Путин, доколку руските војници останат во Украина, Псаки рече дека не може да го процени тоа.

-Во овој момент тие вршат инвазија врз суверена земја и продолжува ескалаијата. Никогаш нема да ја повлечеме дипломатијата од масата, но сега не е време за тоа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе