Вести Свет

Кина бара од сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина

Кинеското Министерство за надворешни работи побара од сите страни да ја гарантираат безбедноста на нуклеарните постројки на Украина, откако избувна пожар во комплексот на нуклеарната централа Запорожје по нападот на руските сили.

„Ќе ја следиме ситуацијата и ќе ги повикаме сите страни да покажат воздржаност, да избегнуваат ескалација и да ја гарантираме безбедноста на соодветните нуклеарни постројки“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи на дневниот брифинг.

Пожарот избувна откако руските сили го нападнаа комплексот на електраната Запорожје – најголемата нуклеарна централа во Европа. Во меѓувреме беше исклучен, а украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека нема загинати или повредени.

Гореше зградата на тренинг комплексот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските тенкови биле насочени кон блоковите на реакторот.

Русите ја зазедоа нуклеарната централа

Локалните власти објавија дека руските воени сили ја презеле нуклеарната централа во Запорожје.

Украинскиот нуклеарен регулатор не откри „никаква промена“ во нивото на радиоактивност во електраната во Запорожје, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе